И синот на Малдини си замина од Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини минатиот месец доби отказ поради недоразбирањата со управата на клубот, а по него од тимот си замина и неговиот син Даниел.

Даниел следната сезона ќе игра како позајмен фудбалер во Емполи, кој минатата сезона заврши на 14. место.

Најмладиот син на Малдини игра на позицијата офанзивен играч за врска, а минатата сезона ја помина на позајмица, во редовите на Специја.