И „Скај Спортс“ ја пренесе веќе познатата вест: Манчестер Јунајтед го следи играчот на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Два дена се шпекулира дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на Даглас Коста од Јувентус.

29 годишниот бразилски фудбалер ќе си оди од клубот по барање на Андреа Пирло, а веќе се наѕира неговиот следен клуб.

Се верува дека тимот кој се грижи за ангажирање на нови фудбалери во Манчестер Јунајтед одблиску ја следи ситуацијата со Даглас Коста и во следните недела или две „ѓаволите“ би можеле да влезат во официјални преговори за негов ангажман.

Најмногу од се ќе ависи дали Манчестер Јунајтед ќе успее да ја убеди Борусија Дортмунд да се ослободи од Џејдон Санчо за сума помала од 120 милиони евра.