Ибра го испофали Манџукиќ: Тој само работи, не зборува ништо…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан одигра катастрофален натпревар на домашен терен против Аталанта и на крајот загуби со 0-3, а хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ дебитираше на мечот.

Манџукиќ има интересен карактер, а тоа го потврди и Златан Ибрахимовиќ, кој порача дека Хрватот не комуницира премногу со другите.

„Манџукиќ не зборува многу. Јас му посакав добредојде на хрватски јазик. Тренерот го праша дали сака да се обрати пред тимот, тој рече „не“. Не зборува многу, само работи. Тоа е во ред, многу е сконцетриран на работата и тренира вредно. Есенски шампиони сме, но тоа не значи ништо. Одигравме лошо против Аталанта, ни недостасуваа неколку важни фудбалери, но не сакам да барам оправдувања. Веднаш треба да се вратиме на победите“, вели Ибрахимовиќ.