Ибра оди во Рио!


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Довчерашниот напаѓач на ПСЖ и голема желба на Манчестер Јунајтед, ќе ја проба својата среќа во Бразил.

Златан Ибрахимовиќ се наоѓа на првиот список на репрезентацијата на Шведска за претстојните Олимписки игри.

Шведска избори пласман така што нивната репрезентација до 21 година, се најде во финалето на Европското првенство до таа возраст, а ќе играат во група со Нигерија, Јапонија и Колумбија.

Ибрахимовиќ е на прелиминарниот список од 35 имиња,  а доколику се одлучи да помогне на репрезентацијата на Олимпијата, најверојатно ќе го одложи очекуваното потпишување на договорот со Манчестер Јунајтед.

Тој моментално се наоѓа во Франција, на смотрите на најдобрите селекции од Европа, со сениорската репрезентација на Шведска.

Да потсетиме, во првиот меч Швеѓаните одиграа нерешено 1:1, со Република Ирска, а на  довчерашниот напаѓач Пари Сен Жермкен препишана му е и асистенција кај аввотолот на Кајран Кларк.