Ибра пред останување во Милан, ќе игра во клубот до 40 години?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу италијански медиуми пишуваат дека Милан и Златан Ибрахимовиќ се многу блиску до постигнување договор околу продолжување на соработката.

Се верува дека Ибрахимовиќ ќе потпише нов двегодишен договор според кој на „Сан Сиро“ ќе игра до својата 40-та година.

Со новиот договор шведскиот напаѓач ќе заработува по шест милиони евра годишно, а во договорот се вклучени и низа бонуси.