Ибра: Продадете четири пејачи во Ливерпул, слушам им требале играчи…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ се појави на сцената на музичкиот фестивал Сан Ремо со популарната песна на Нада Топчагиќ „јутро је“.

Ибрахимовиќ секогаш прави шоу каде и да се појави, а сега тоа го направи и на музичкиот фестивал.

Швеѓанецот се пошегува дека ја презема функцијата на директор на фестивалот, па порача дека ќе мора да воведе свои правила.

„Треба да има на фестивалот 22 пејачи, односно да се борат 11 на 11. Иако има 26, нема проблем. Продадете четири во Ливерпул, слушам дека им требале играчи. А ако не, оставете ги со мене и јас ќе поработам со нив“, кажа Швеѓанецот.