Ибра-Шоу после мечот: „Ги натерав сите хејтери да ми станат фанови“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повторно ги воодушеви со својата игра.

Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа на домашен терен извојуваа победа над Портланд Тимберс со резултат од 2:1.

Галакси продолжи со добрата игра оваа сезона и после пет натпревари тие имаат четири победи.

Херојот на домашниот тим повторно беше Златан Ибрахимович кој ги постигна двата гола за ЛА Галакси и тоа од пенал.

Ибра после мечот доби големи овации, а дресот го поклони на еден од навивачите на Портланд. После тоа тој делеше автограми, и изјави: „Ги натерав хејтерите да ми станат фанови!“.