Ибрахимовиќ е вистински лидер – со еден потег го крена Милано на нозе (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ со неочекуван потег ги воодушеви навивачите на Милан.

„Росонерите“ во дербито во сабота доживеаа пораз од 1-5 од Интер, па поради тоа Ибрахимовиќ реши да се појави на тренингот на Милан за да им даде поддршка на фудбалерите.

Ибрахимовиќ се појави во тренинг-центарот на Милан и реши да ги мотивира играчите пред важниот меч против Њукасл во Лигата на шампиони (ЛШ).