Ибрахимовиќ ги предизвика Ѓоковиќ, Хабиб, Погба и Рајола со „Матрикс“-предизвик (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не помина многу време од предизвикот со отворање на шишиња на различни начини, кој беше актуелен кај спортистите, а на повидок сега е нов спортски предизвик, кој го почна Златан Ибрахимовиќ, а се вика „Матрикс“.

Швеѓанецот први ги предизвика Новак Ѓоковиќ, Хабиб Нурмагомедов, Пол Погба и Мино Рајола да го направат предизвикот.

Ибрахимовиќ го направи предизвикот така што фудбалската топка ја крена со трик од земја, ја прими на гради за да делува како во сцената на познатиот филм „Матрикс“, кадешто Киану Рис ја има главната улога.