Ибрахимовиќ и Лукаку мора дадат изјави за инцидентот – не им бегаат дополнителни казни!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Италија не се откажува од истрагата за инцидентот кој се случи во четвртфиналето на италијанскиот Куп меѓу Интер и Милан, односно нивните фудбалери Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ во финишот на првото полувреме се судри со Лукаку и двајцата си кажаа многу тешки зборови, по што добија казни од еден меч суспензија во Купот.

Сепак, тие двајца мора да одат да дадат дополнителни изјави и наскоро ќе се знае дали ќе има дополнителна казна, иако такво нешто се очекува поради нивниот потег во четвртфиналето.

Исто така, ќе се земе во предвид и записникот на судијата, односно што напишал тој во врска со овој инцидент.