Ибрахимовиќ ќе остане во Милан, останаа само детали да се договорат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ игра одлично во дресот на Милан сезонава и се обидува со тимот од Милано да избори пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

„Република“ објави дека 39-годишниот напаѓач ќе остане во дресот на „росонерите“ барем уште една сезона, а неговата плата ќе остане седум милиони евра.

Ибрахимовиќ има договор со Милан до јуни, но приоритет на тимот беше да го задржат и следната сезона, а тоа сигурно ќе ги израдува навивачите на италијанскиот тим.

Швеѓанецот донесе големо искуство во клубот, кое им помага на останатите во борбата за пласман во топ-4, иако до пред еден месец Милан беше и во трката за Скудетото.