Ибрахимовиќ презентиран во Милан, познат и бројот кој ќе го носи во старо-новиот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ во текот на денешниот ден и официјално беше презентиран како нов играч на Милан.

Швеѓанецот на презентацијата го доби и бројот кој ќе го носи во следните шест месеци. Многумина беа во исчекување на бројот кој ќ е го носи Ибра откако броевите кои ги носеше во минатото (9, 10 и 11) се зафатени.

Ибрахимовиќ и покрај тоа што се шпекулираше дека ќе го носи дресот со број 1, сега ќе го носи дресот со број 21 на својот грб.

„Отсекогаш велев дека ова е мојот дом и јас конечно сум назад тука. Играв за други тимови изминативе години, но сега се вратив и тоа е се што се смета во овој момент. Со нетрпение очекувам да ги видам фановите на „Сан Сиро“ и да направам да скокаат со радост повторно“ –изјави Ибрахимовиќ по пристигнувањето во Милано.