Ибрахимовиќ: Роналдо и Меси? Длабоко во себе верувам дека сум најдобар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ е еден од најдобрите напаѓачи во светот во претходните две децении и зад себе има богата кариера, иако не успеа никогаш да ја освои „Златната топка“.

На прашањето на новинарите дали во колекцијата на награди му недостига „Златната топка“, Ибрахимовиќ даде одговор во свој стил.

„Не. На Златната топка ѝ недостигам јас. Длабоко во себе верувам дека сум најдобар во свет“, кажа Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот даде краток коментар и за Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои се едни од најдобрите во историја.

„Роналдо и Меси? Ако гледаме на квалитет, не сум полош од нив“, кажа накратко Ибра.