Ибрахимовиќ сака да го освои Скудетото, па да стане директор?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Млан, Златан Ибрахимовиќ на крајот на сезоната ќе ја објави неговата одлука за иднината, а засега не е познато дали ќе оди во пензија.

Италијанска „Газета дело Спорт“ објави дека би можел да ја продолжи кариерата и да потпише нов договор со Милан, но се споменува и пензија со тоа што би станал директор во екипата.

Ибрахимовиќ оваа сезона имаше сериозни проблеми со повреда и одигра 22 меча, по што во просек беше на терен по 44 минути на секој од нив и постигна осум голови.

Меѓутоа, неговото влијание на екипата е големо, а тоа може да се забележи по настапите на „росонерите“ кои се пред освојување на Скудетото по пауза од 11 години.