Ибрахимовиќ само на еден човек му се обраќал со – „шефе“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ вчера стигна до бројката од 500 голови во кариерата, а во текот на кариерата најтешко му паднало заминувањето од Милан во ПСЖ во 2012 година.

Тогаш со години не сакал да зборува со Адријано Галијани.

„Тоа беше од финансиска природа. Клубот имаше проблеми со финансиите кои мораа да бидат средени, а ние моравме да продаваме фудбалер. Се надевав дека нема да жртвувам никого, но морав…“, вели Галијани.

Галијани се потсети и на неговиот однос со Ибрахимовиќ.

„Тогаш не ми кажа ниту збор со години. Тоа беше болен период. Кој знае што се случи… Секогаш ме викаше Шефе“, вели Галијани.

Тоа лето Ибрахимовиќ заедно со Тијаго Силва заминаа во ПСЖ за 70 милиони евра, а тогаш почна падот на „росонерите“.