Ибрахимовиќ се врати по долга пауза и постави рекорд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Милан славеше со 2-0 против Аталанта и освои важни три бодови во битката за топ-4, а на натпреварот се врати шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ влезе во игра во 74. минута на местото на Оливие Жиру и притоа урна рекорд. Тој стана највозрасен фудбалер на Милан во Серија А, откако за победа се доделуваат три бодови.

На Ибрахимовиќ тоа му успеа на 41 година и 146 дена, а претходниот рекорд го држеше Алесандро Костакурта со 41 година и 25 дена.