Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поранешниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ наскоро повторно би можел да биде дел од Милан, откако имал состанок со газдата на тимот Гери Кардинале.
Засега не е познато каква улога ќе добие поранешниот шведски напаѓач, но се очекува да му биде помошник на тренерот Стефано Пиоли.
Ибрахимовиќ се појави на тренингот на „росонерите“ на 18 септември пред ремито против Њукасл (0-0) во Лигата на шампиони (ЛШ).
Милан сака да го искористи искуството и карактерот на Ибрахимовиќ, кој знае како да игра под притисок и како да ги мотивира фудбалерите.
#Milan, tutta la verità sul summit tra #Cardinale e #Ibrahimovic: da Pioli al ruolo, ecco cosa filtra https://t.co/UosBsgp6JY
— calciomercato.com (@cmdotcom) September 26, 2023