Ибраими со хет-трик ја носи Струга кон плејоф во Конференциска лига (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Струга Трим Лум славеше со 3-1 против Есперанж од Луксембург, а херој на мечот беше Бесарт Ибраими кој постигна хет-трик.

Ибраими ја искористи грешката на голманот на гостите во 23. минута за да погоди за 1-0, а другите два погодоци ги постигна од пенали, додека гостите во 46. минута го запишаа единствениот гол на натпреварот (3-1).

Екипата на тренерот Шпетим Дуро е на добар пат да обезбеди плејоф во Конференциската лига, доколку го „преживее“ гостувањето во Луксембург за седум дена.