Играчите на Барселона присилени да патуваат со автобус на наредното гостување?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради протестот во Барселона и ширум Каталонија, играчите на Барселона во сабота ќе мораат малку потешко да патуваат до Еибар.

Барса во сабота од 14 часот гостува во Еибар, но поради протестите кои се случуваат во Барселона, голема е веројатноста дека тимот ќе тргне со автобус на шест часовната турнеја до Еибар.

До сега обично беше случај тимот на Барселона со авион да лета до Билбао, па од таму со автобус до баскијскиот град – Еибар.

Последен пат Барселона патувале со автобус на гостување во 2010. година кога гостуваше против Интер во Милано.