Играчот се согласил, а и Манчестер Сити, Интер добива засилување?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако може да му се верува на секогаш добро упатениот италијански трансфер гуру Џанлука ди Марцио, Интер ова лето би можел да се засили од тимот на Манчестер Сити.

Интерес од Интер за играчот на Сити, Данило постои веќе некое време, а пред неколку седмици Нероаѕурите наводно направиле први конкретни чекори со цел реализација на неговиот трансфер.

Денес Ди Марцио тврди дека Данило веќе им рекол „ДА“ на Интер бидејќи сака да игра во Италија, што би било исполнување на неговиот сон.

Претпоставуваме дека примањата би можеле да претставуваат проблем во трансферот, со оглед на тоа што во Интер не можат да му дадат таква плата каква што има во Сити.

Данило во Сити заработува околу 4.5 милиони годишно, додека Интер би можел да му даде договор на 4 или 5 години според кој би заработувал 3.5 милиони евра.

Наводно Данило е спремен да прифати помали примања, а Ди Марцио тврди дека Сити нема ништо против овој трансфер.

Сепак, Граѓаните имаат намера да го сочекаат крајот на сезоната и потоа да ја донесат конечната одлука околу Данило. Доколку се одлучат да го продадат ќе бараат 15 милиони евра и додатни бонуси.

Тој пристигна во Сити во 2017 година од Реал Мадрид за 30 милиони евра, но не се наигра баш во тимот од Манчестер.