Играше за Арсенал, Барселона и Челси, а сега потпиша за италијански второлигаш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас ги изненади сите со неговиот трансфер, откако реши да се пресели во Серија Б и да потпише за Комо.

Искусниот играч ќе потпише двегодишен договор и трансферот ќе биде големо изненадување, зашто претходно се шпекулираше дека ќе се врати во Шпанија каде што ќе го носи дресот на Лас Палмас.

Во последните три години Фабрегас играше за Монако, а претходно го носеше дресот на Челси, Барселона и Арсенал.

На светската сцена се појави како тинејџер и стана препознатлив по неговата одлична игра и асистенции, па така ги освои сите трофеи освен Лигата на шампиони (ЛШ).