Игуаин ќе ги наполни џебовите по раскин на договорот со Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин по четири години го напушта Јувентус, но не со празни раце. Тренерот Андреа Пирло нема да смета на него во следната сезона, па поради тоа искусниот играч реши да замине.

Агентот на Игуаин пред неколку дена стигна во Торино, а бил пронајден и заеднички јазик во преговорите.

Аргентинецот за раскин на договорот од Јувентус ќе добие четири милиони евра, односно малку повеќе од половина од неговата годишна плата.

Искусниот напаѓач ќе ја продолжи кариерата во САД, каде што ќе потпише за Интер Мајами, па така ќе му се приклучи на поранешниот соиграч Блез Матуиди.