Игуаин: Постигнав 26 гола, а потоа Реал Мадрид ги купи Кака и Бензема…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Интер Мајами, Гонзало Игуаин зборуваше за неговото време поминато во Реал Мадрид и откри дека зголемувањето на конкуренцијата предизвикало да се чувствува чудно и да се прашува што очекуваат од него.

Овој 33-годишен фудбалер во 2007 година му се приклучи на Реал Мадрид, а потоа во екипата беа донесени Карим Бензема и Кака.

„Со Бензема постоеше здрава конкуренција, секогаш моравме да играме одлично. Кога пристигна Роналдо, тој постигна 27, а јас 26. Во следниот трансфер период ги купија Кака и Бензема, па почнав да се прашува колку голови треба да постигнам? Бензема дојде и ја покажа најдобрата верзија од себе, тој е неверојатна деветка“, вели Игуаин.