Игуаин за враќањето во Ривер: Моментално уживам во Јувентус, но…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонѕало Игуаин ова лето за изненадување на многумина се врати во Јувентус и продолжи каде што застана во 2018. година.

Пипита изминатата сезона беше на две позајмици, но на крај се врати во редовите на Старата Дама каде повторно се избори за место во почетниот состав и тоа под водство на новиот тренер Маурицио Сари.

Има уште две години договор со Јувентус и најверојатно ќе ги отслужи до крај, а потоа кој знае… Новинарите на аргентинскиот Фокс Спорт го запрашаа дали е можно да се врати таму каде што започнал – во Ривер Плата.

„Нема да затворам ниту една врата, иднината е нејасна. Имам уште две години договор со Јуве па ќе видиме. Останав многу поврзан со Ривер, тимот и навивачите. Ги гледам нивните натпревари и многу сум среќен кога му оди добро“, рече Пипита и продолжи:
„Да бидам искрен, незнам што ќе се случи. Во овој момент уживам да играм за Јувентус.“

Тренерот Сари многу го почитува, а неодамна објасни зошто баш него го избра пред Марио Манџукиќ кој потполно кризираше во припремниот дел од сезоната.

„Манџукиќ најверојатно ми прикажа нешто помалку на тренинзите и затоа го избрав Гонѕало. Тоа нема врска со мојот поранешен однос со Игуан, тој ни во Челзи не играше многу, повеќе го користев Жиру. На тренинзите ова лето повторно го видов оној Игуан од пред две три години“, изјави неодамна италијанскиот стручњак.

Инаку, Пипита оваа сезона одигра вкупно шест натпревари и има постигнато еден погодок.