Икарди и Ванда пак се заедно, се појавија нови слики 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди се раздели со неговата сопруга Ванда Нара, но нивната разделба не траеше повеќе од 24 часа затоа што тие повторно се заедно.

Ванда дозна дека Икарди ја изневерил во неделата и заедно со децата избега во Милано, а Икарди не се појави на тренинг и ПС му даде дозвола да ги пропушти подготовките за мечот против Лајпциг.

Икарди слободното време го искористи да замине во Милано, каде што го поправи односот со Ванда и тие објавија заедничка фотографија на Инстаграм.

„Среќен ден на мајките“, напиша Икарди во описот на неколку заеднички фотографии и тоа на денот кога во Аргентина се одбележува празникот.