Икарди прифатил да се пресели во Рома, Џеко на чекор до трансфер во Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште не е позната иднината на Мауро Икарди, кој се наоѓа во немилост на управата на Интер, па често се шпекулира дека наскоро ќе се пресели во друга екипа.

Според последните информации, најголеми шанси за негово ангажирање има Рома. Римјаните подготвиле понуда која го вклучува и Един Џеко, кој Интер веќе со месеци го посакува, а тренерот Антонио Конте сака да го спои во нападот со Ромелу Лукаку.

Рома го нуди Џеко плус 35-40 милиони евра за Икарди, па тоа е прифатлива понуда за Интер, кој сака да се ослободи од услугите на Аргентинецот.

Во игра се наоѓа и Наполи, кој нуди 55 милиони евра за Икарди, но Рома е во предност затоа што Интер го сака Џеко, па наскоро се очекува реализација на трансферот.