Им нема крај на проблемите: Ѓоковиќ за малку избегна казна од АТП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избегна казна од страна на АТП. Тој неодамна беше пријавен на Индијан Велс, но дозна дека не може да настапи поради мерките за ковид-19.

Бидејќи на време не се повлече од турнирот, тоа создаде хаос во распоредот, поради што му се закануваше казна.

Правилникот покажува дека ако играч се повлече од главната ждрепка, ќе биде суспендиран автоматски на следниот и ќе му бидат одземани поени од Мастерсот.

„Играчите можат да бидат исклучени од суспензија само во специјални случаи. Тенисерите може да се жалат и до АТП“, пишува во правилникот.