Има 18 години, настапува за Гронинген и ќе ја засили Барселона!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Гронинген, Лудовит Рејс, би можел да ја засили Барселона.

Каталонците полека градат екипа за наредната сезона, а според странските медиуми 18-годишниот фудбалер би можел да биде ново засилување.

Фудбалерот за врска со словечко потекло сезонава во дресот на клубот одигра 25 натпревари, а наводно техничкиот директор на Барселона веќе неколку пати разговарал со управата на тимот.

Финансиските детали за трансферот уште не се споменуваат, но сигурно Гронинген ќе заработи многу пари за младиот фудбалер.

Да потсетиме, Барселона претходно за 75 милиони евра го купи Френки де Јонг од Ајакс, а блиску до преселба во каталонскиот гигант е Матијас де Лихт од Ајакс.