Има и убави вести во Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лестер Сити се соочува со заминување на ѕвездите, но сепак има и убави вести.

Н`Голо Канте замине, Ријад Марез истотака може, но тимот на Клаудио Раниери не сака се во целост да се распадне.

Поедини играчи ги продолжија договорите, а така и Енди Кинг се одлучи да остане на Кинг Пауер стадионот.

Овој 27-годишен целата кариера ја помина во Лестер и нема намера да замине сега кога клубот се избори за Лига на шампионите и ја освои титулата. Малку порано и младиот Бен Чилвел се одлучи да продолжи со Лисиците.

Не е уште официјално, но и Џејми Варди треба да остане во екипата која ја покори Англија во минатата сезона.