Има само 22 години, а стана најплатена спортистка во светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонската тенисерка Наоми Осака го презема врвот од американската тенисерка Серена Вилијамс и стана најплатена спортистка во светот.

„Форбс“ објави дека победничката на Ју-Ес Опен од 2018 и Австралијан Опен од 2019 година заработила 37,4 милиони долари минатата година.

Тоа е рекордна заработка на една спортистка, а досегашната рекордерка и поранешна руска тенисерка Марија Шарапова претходно беше на врвот со пет милиони долари помалку. Тогаш таа заработи 29,7 милиони долари.

Вилијамс во последните четири години беше на врвот на листата со најголема заработка меѓу спортистките, а во 2019 година остана на второ место со 1,4 милиони долари помала заработка од Осака.