Инцидент на тренингот на Барселона: Еден играч си заминал порано поради тоа што дознал дека нема да биде во првите 11 на „Ел Класико“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На последниот тренинг на Барселона пред големата „Ел Класико“ пресметка со Реал Мадрид се случил еден ретко виден инцидент.

Имено, чилеанскиот фудбалер Артуро Видал реагирал бурно на тоа што нема да биде во почетниот тим и предвреме сго напуштил тренингот.

Неколку соиграчи се обиделе да го смират, но безуспешно, па Видал заминал и сега со сигурност ќе добие некоја суспензија од клубот.

Големи се шансите Артуро Видал да си оди од шпанскиот клуб уште во јануарскиот преоден рок затоа што за него има интерес од редовите на Интер.