Инсект откриен во Србија доби име по Новак Ѓоковиќ (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интересна вест ни доаѓа од Србија, каде што бил откриен нов вид на инсекти, а неучниците решиле да му дадат име по најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Биолошкиот факултет во Белград соопшти дека инсектот се нарекува „Дувалиус ѓоковиќи“, а тоа го потврди и д-р Никола Весовиќ.

„Новак Ѓоковиќ – човек кој повеќе од 15 години ја радува цела нација, нè направи горди и тој не е само врвен амбасадор на Србија, туку и најдобар играч во светот и историјата. Имам чест да објавам откривање на нов инсект во Западна Србија, а поради тоа што сакавме да му се оддолжиме на Ѓоковиќ, решивме новиот вид да го крстиме по него“, пишува на Инстаграм.