Инсиње по долги години го напушта Наполи и се сели во редовите на шпанскиот великан…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње пред неколку дена најави дека ќе замине од клубот во кој стана тоа што е.

Инсиње цела досегашна кариера ја мина во Наполи, а изминатите години ја одбиваше секоја понуда. Меѓутоа, се чини дека сфати дека е време да се проба и надвор од Италија.

Така порача, дека ова лето ќе ги разгледа понудите и дека ќе го напушти Наполи, само ако некоја понуда биде добра и за клубот и за него. Исто така, јасно порача дека тоа нема да биде некој клуб од Италија бидејќи во Серија А може да игра само во Наполи.

Медиумите на Апенините објавија денес дека интересот за Инсиње е голем и дека најмногу се поврзува со Атлетико Мадрид кој пред се сака да го договори овој трансфер.

Атлетико порача дека се подготвени да платат околу 60 милиони евра за Инсиње, но во Наполи бараат повеќе. Неговиот агент порача дека цената е 100 милиони евра, но дека во Наполи би ја прифатиле и сумата од 80 милиони евра.

Инсиње нема против заминување во Атлетико иако се поврзува уште и со Ливерпул и Арсенал.