Интер добива сериозна конкуренција од шпански гигант во трката за потписот на Немања Матиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот интернационалец, Немања Матиќ по се изгледа ќе си замине од редовите на Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок.

Долго време се шпекулираше дека негова следна дестинација ќе биде Интер, меѓутоа сега Џанлука Ди Марцо пренесува нова информација.

Имено според италијанскиот новинар кој е експерт за трансферите, за фудбалерот на Манчестер Јунајтед сериозно се заинтереисрал тимт на Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне сака да го засили својот среден ред со искусниот фудбалер кој оваа сезона не добива многу шанса од Оле Гунар Солскјер.