Интер го продаде Брозовиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец во иднина ќе го гледаме во Премиер лигата, пренесуваат италијанските медиуми.

Марсело Брозовиќ ќе ја продолжи кариерата во Челси.

Нероаѕурите ја прифатија понудата на лондонските Сини од 25 милиони евра и на тој начин ќе се ослободат од финансискиот фер плеј.

Сега останува само Брозовиќ да постигне договор со Челси околу примањата, тоа не би требало да претставува проблем, евентуално може да зачкрипи доколку побара специјална гаранција околу улогата во тимот и минутажа.

Доаѓањето на хрватскиот играч за врска на Стенфорд Бриџ може да значи и заминување на Сеск Фабрегас.

Антонио Конте соопшти на управата не е задоволен од залагањето на Шпанецот и препорача дека е најдобро да биде ставен на трансфер листа.