Интер го продава и вториот напаѓач: Лаутаро се сели во Лондон, ќе го замени Џеко!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер, наводно, ја прифатил понудата од 70 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез, кој е втор напаѓач на тимот кој би заминал во Англија, откако „нераѕурите“ веќе прифатиле понуда на Челси за Ромелу Лукаку.

Лукаку ќе замине од Интер, а во екипата од Милано ќе пристигне Един Џеко од Рома. Очигледно нешто не е како што треба во редовите на актуелниот шампион, па поради тоа и Антонио Конте си замина од кормилото.

По заминувањето на Конте следеше продажба на Ашраф Хакими, кој замина во ПСЖ во трансфер вреден 60 милиони евра.

Токму тој трансфер требаше да ги извлече од финансиска криза, но „нераѕурите“ очигледно имаат многу поголеми проблеми од што се очекуваше.