Интер ја полни касата: Продадоа ѕвезди за 175 милиони, па купија замена за малку 12 милиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот шампион Интер ги претстави замените за Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, кои ова лето го напуштија Милано, а сега пристигнаа и замените на „Џузепе Меаца“ и тоа се Един Џеко и Дензел Демфирс.

Актуелниот шампиоон на Италија потврди дека потпишал двегодишна соработка со Џеко, кој доаѓа од Рома, додека Демфрис потпишал соработка со Интер до 2025 година.

Интересно е тоа што интер ги продаде Лукаку на Челси за 115 милиони евра плус Хакими на Интер за дополнителни 60 милиони, а за нивните замени потроши „само“ 12,5 милиони евра.

Интер летово сака да ја наполни касата колку што може повеќе, но тоа можеби ќе значи и дека ќе го препуштат тронот на некој од ривалите.