Интер ја растури Викторија Плзен и ја растажи Барселона (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер обезбедија место во осминафиналето на Лига на шампиони, откако вечерва на домашен терен триумфираа со 4-0 против Викторија Плзен.

Интер влезе во мечот со намера да победи и да ги реши дилемите, а тоа беше јасно уште од самиот почеток на натпреварот, кога Михтарјан погоди за 1-0.

Седум минути подоцна Џеко погоди за 2-0, а во вториот дел босанскиот напаѓач погоди и за 3-0 по што сè беше решено.

Победата на италијанскиот гигант ја потврди Ромелу Лукаку, кој конечно се запиша во листата на стрелци и тоа значи дека Барселона ќе продолжи во Лига Европа.