Интер Мајами ќе ги земе и Суарез и Бускетс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси пред неколку дена потпиша за Интер Мајами, а тоа предизвика еуфорија кај навивачите на клубот од МЛС-лигата.

Екипата на Дејвид Бекам не планира тука да застане, па наскоро се очекува да потпише договор со уште двајца поранешни фудбалери на Барселона.

Интер Мајами се подготвува да ги изненади навивачите со Луис Суарез и Серхио Бускетс, кои наводно биле во завршни преговори со клубот.