Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам го договори своето прво големо засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се е спремно за првата трансфер бомба на Интер од Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам.

АС пишува дека првото големо засилување на клубот кој ќе се натпреварува во МЛС од 2020. година ќе биде Единсон Кавани, еден од најдобрите светски напаѓачи.

Договорот на Кавани со ПСЖ му истекува во јули 2020. година, а потоа ќе му се придружи на тимот на Интер од Мајами.

Кавани во Европа игра од 2006. година кога стигна од Палермо. За минуатите 13 години остави длабок траг на стариот континент играјќи уште и за Наполи и ПСЖ.

Со 32 години одличниот Уругваец одлучил неговата наредна дестинација да биде МЛС каде би пристигнал како слободен играч.

Со обзир на својата репутација и квалитет Кавани веднаш би станал една од најголемите фудбалски ѕвезди во САД.