Интер нема да го толерира Видал, на Чилеанецот не му се пишува добро на „Џузепе Меаца“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот чилеански фудбалер Артуро Видал дозволи да го совладаат емоциите и против Реал Мадрид, па во 33. минута заработи црвен картон.

Интер имаше негатива од 0-1 во тој момент, а Видал им ги отежна работите, па до крајот на натпреварот Реал Мадрид постигна уште еден гол за 2-0.

Овој потег на Видал нема да го толерираат во Милано, па најавите се дека Чилеанецот ќе добие сериозна казна од Интер.

Во Серија А за осум меча доби три жолти картони, а во Лигата на шампиони освен исклучување, доби и две предупредувања, па тоа е доказ дека Видал има сериозни проблеми со неговата дисциплина и мора нешто да се преземе.