Интер пронајде замена за Икарди?


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Во Интер имаат идеја, ако попуштат пред понудите за својот капитен.

Ќе видиме дали Интер ќе ги задржи своите првотимци, на мета на многу клубови се дефанзивецот Муриљо, потоа одличниот Марсело Брозовиќ, но и Мауро Икарди.

Првите двајца вредат околу 25 милиони евра, што е тешко да се плати, но за аргентинскиот напаѓач има голем интерес.

Го сакаше Атлетико, но и понатаму се споменува како мета на англиските клубови.

Денешното издание на “Газета Дело Спорт” пишува дека Интер би го продал Икарди за 40 милиони евра. Кинезите се подготвени да направат револуција, но ако Икарди замине ќе им биде потребно звучно име во нападот.

Едно од решенијата е Џеко, кого Рома би можело да го продаде и да го купи Пољакот Милик. Кога во прашање е Џеко проблем е неговата плата која изнесува пет милиони евра по сезона.