ИОК: Не им дозволувајте на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ги повика спортските организација да ги исклучат сите руски и белоруски спортисти од меѓународните натпреварувања.

Актуелната војна во Украина предизвика голем број санкции кон Русија, поради наредбата на претседателот Владимир Путин за инвазија.

„Олимпиското движење е обединето во својата мисија низ спортот да допринесе до мир во светот. Олимписките игри, светските првенства и купови, како и многу други спортски настани, ќе ги обединат спортистите од целиот свет. Додека спортистите од Русија и Белорусија може да настапат во натпреварувања, многу спортисти од Украина се спречени во тоа поради војната. Во цел на заштита на интегритетот на глобалните спортски натпреварувања и безбедност на сите корисници, ИОК препорача да се исклучат Русите и Белорусите од натпреварувањата“, соопшти ИОК.