Иронија: Пике ја остави Шакира, а сега ќе носи дрес со нејзиното име!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот дефанзивец Жерар Пике не добива голема минутажа во тимот на Барселона, а во последните месеци е во центар на внимание поради неговиот развод со Шакира, која реши да ја остави и да си најде помлада девојка.

Пике сега се соочува со иронична ситуација бидејќи главниот спонзор на Барселона е „Спотифај“ кој инсистира на местото на логото да стојат и имиња на познати музички ѕвезди.

Тоа почна да се реализира на „Ел Класико“ каде на дресот на Барселона го имаше името на Дрејк, а следен артист треба да биде Шакира.

Ова е навистина чудна ситуација затоа што Пике сега ќе мора да носи дрес со Шакира, но секако тоа ќе се случи ако се појави на теренот.