Иско на „лицитација“: Милан, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Евертон со први понуди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми долго време шпекулираат дека Иско ќе биде продаден и ќе замине од Реал Мадрид, а засега не се знае неговата следна дестинација.

Неколку европски гиганти веќе ги подготвиле понудите за него. Милан и Јувентус му нудат тригодишен договор со четири милиони евра по сезона, додека посериозни понуди се очекуваат од Англија.

Во моментов Јувентус е фаворит за потписот на шпанскиот фудбалер, а се споменува дека италијанскиот шампион ќе понуди 20 милиони евра за неговиот потпис.

Секако, Иско е желба и на многу други тимови, но споменатите четири екипи се најсериозни кандидати за неговиот потпис.