Иско знае каде ќе ја продолжи кариерата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Иско очигледно не е загрижен премногу за неговата кариера во Реал Мадрид, па веќе бара нова екипа каде би можел да се пресели.

„Кралевите“ немаат намера да го чекаат Шпанецот да се врати во форма и поради тоа планираат да го продадат на лето, и тоа најверојатно во тимот на Севиља.

Легендарниот Предраг Мијатовиќ зборуваше за такво нешто и најави трансфер на Иско во клубот од Андалузија.

„Лопетеги ми е добар пријатл и го почитува Иско. Сепак, треба да почекаме и да видиме колку пари ќе бара Реал. Ако Иско и понатаму е на клупата, тогаш тоа значи дека не го убедил Зидан дека заслужува шанса на теренот. Мислам дека му е подобро да си замине“, кажа Мијатовиќ.