Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американскиот тенисер Џон Иснер потврди дека има активни тенисери кои бараат најдобриот српски играч Новак Ѓоковиќ да заигра на Ју-Ес опен во Њујорк, кој треба да се одржи од 29 август до 11 септември.
Иснер на Твитер одговараше на прашања на навивачите, кои сакаа да дознаат дали има активни тенисери кои бараат Ѓоковиќ да игра на турнирот во САД.
„Да, има голем број луѓе кои сакаат Ѓоковиќ да игра“, кажа Иснер.
Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во академијата на Јанко Типсаревиќ во Црна Гора, каде што се подготвува и тренира за да игра на турнирот, иако сè уште нема потврда за такво нешто.