Исполнета голема желба на Клоп: Одличниот офанзивец денеска стигнува на лекарски прегледи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јирген Клоп не ветува премногу, но затоа одработува одлична работа. Така е договорено и шестото засилување во редовите на Ливерпул.

Напорните преговори вродија со плод, а Њукасл утрово прифати да го продаде одличниот офанзивец Жоржињо Вијналдум.

Пресуди тоа што самиот играч побара трансфер, а Тотенхем неочекувано испадна од трката.

На крајот пронајден е компромис, и на Страчките ќе припаднат 30 милиони евра, наместо 32.5 милиони колку што првобитно бараа.

Веќе денеска се очекува доаѓање на Холанѓанецот на лекарски прегледи, после што ќе следи потпис на договор и патување во Калифорнија со цел да се придружи на новите соиграчи на подготовките.

https://www.youtube.com/watch?v=WnmHkR5RcCA