Историја: Калин Ивановски се пласира во четвртфинале на Вимблдон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најталентираниот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди место во четвртфиналето на Вимблдон во јуниорска конкуренција, откако славеше против Едас Бутвилас со 6-4, 5-7 и 6-0.

Ивановски одигра одличен меч, а во последниот сет буквално го растури ривалот и не му дозволи да освои ниту еден гем, па заслужено обезбеди место меѓу најдобрите осум тенисери на турнирот.

Македонскиот тенисер во четвртфинале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Артнак и Роденас.