Историја: Тиквеш го освои Купот на Македонија


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тиквеш славеше во финалето на Купот на Македонија со 2-1 против Воска Спорт и испиша клупска историја.

Екипата од Кавадарци до водство стигна во 41. минута кога Кристијан Стојкоски беше прецизен од слободен удар.

Воска во второто полувреме тргна со неколку промени во обид да стигне до израмнување, но Луан Силва погоди за предност од 2-0 на Тиквеш.

Охридската екипа намали преку Шаркоски во финишот од средбата, но немаше сила и за втор гол.